Klik IT

Помош на далечина

Многу проблеми не бараат да дојдеме кај вас. Со ваша дозвола, безбедно се поврзуваме на вашиот компјутер и го решаваме проблемот додека гледате.

  • Бесплатна проценка
  • Само легален софтвер
  • Резервна копија пред секоја интервенција

Што е ова

Преку програмата AnyDesk го гледаме вашиот екран и работиме на компјутерот — само додека вие тоа го дозволувате. Врската ја прекинувате кога сакате, со едно кликнување.

Ова е најбрзиот и најевтиниот начин за повеќето софтверски проблеми.

За кого е

  • Домаќинства што сакаат брзо решение
  • Фирми што не смеат да чекаат
  • Клиенти надвор од Скопје
  • Секој што има прашање „како се прави ова?“

Што добивате

  • Проблеми со Windows и ажурирањата
  • Поставување на мејл и Outlook
  • Инсталација на програми
  • Печатачи и скенери
  • Отстранување на вируси и несакани програми
  • Помош при работа со програми
  • Поставки на мрежата

Како изгледа процесот

  1. 1

    Контактирајте нè

    Јавете се или пишете на Viber/WhatsApp на 071 450 162 и опишете го проблемот.

  2. 2

    Симнете AnyDesk

    Од официјалната страница, со копчето подолу. Не мора да се инсталира, само стартувајте го.

  3. 3

    Испратете ни го бројот

    AnyDesk ќе ви покаже број. Испратете ни го.

  4. 4

    Прифатете ја врската

    Кога ќе се појави барање, кликнете „Accept“. Тоа е сè.

Симни AnyDesk

Важно за вашата безбедност

Ние никогаш не се јавуваме први за да побараме пристап до вашиот компјутер. Ако непознат човек ве повика, се претстави како техничка поддршка од Microsoft, банка или од нас и побара да инсталирате AnyDesk — прекинете го разговорот. Поврзувајте се само кога вие сте нè контактирале.

Цена

Цена по договор — бесплатна проценка

Побарај понуда

Често поставувани прашања

Ајде да го средиме.

Опишете што ви треба — добивате бесплатна понуда, без обврска.